Утрински Весник
Магазин

Модна блогерка испрати моќна порака на фестивалот во Санремо

Модна блогерка испрати моќна порака на фестивалот во Санремо

Дигиталната кралица Кјара Ферањи испрати моќна порака со новите концептуални фустани кои „Диор“ ги изработи за познатиот италијански музички фестивал во Санремо, коментираат светските шоу-биз медиуми.

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на првата вечер на фестивалот, модната блогерка Кјара предизвика дебата на социјалните мрежи поради фустаните што ги носеше на сцената.

Како една од предводниците на манифестацијата, Кјара реши да испрати силна порака против омразата, насилството и сексизмот, пишуваат италијанските медиуми.

Фотографиите од фустаните се проширија на „Твитер“, а Кјара модните креации ги објави и на „Инстаграм“, со објаснување на пораките што сака да ги испрати со нив.

Блогерката напиша: „Чувствував потреба на најпопуларната италијанска сцена со мојата облека да испратам силна порака“. Така, таа прво облече раскошен црн фустан, а преку него носеше бела наметка со натпис Pensati libera, односно „Мисли слободно“.

Најголемо внимание привлече со фустан кој симулира голо тело, изработен од тул во боја на кожа. Кјара вели дека со овој фустан сакала да привлече внимание на правата на жените, на нивните тела, и на фактот дека сè уште се дебатира за тоа како жените располагаат со своето тело. Илузијата за голотија, вели таа, имала за цел да ги потсети сите на еднаквоста што треба да ја имаат половите.

А третиот фустан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Имено, Кјара, меѓу другите, носеше бел фустан на кој имаше испишано лични навреди и тролови, кои, како што вели, секојдневно ѝ ги пишуваат под нејзините објави на „Инстаграм“.

Таа нагласи дека со овој фустан сака да порача: секој има право да си го каже своето мислење, но тоа не значи дека се дозволени злоба и мизогинија.

Последниот фустан што го носеше блогерката беше составен од комбинезон заробен во здолниште од тул. Таа објасни дека тоа претставува надеж за кршење на конвенциите наметнати од патријархатот.

Која е Кјара Ферањи?  Италијанска блогерка, успешна деловна жена, моден дизајнер и модел. Соработува со модни и козметички брендови. Таа е една од најбогатите и најуспешните модни блогерки во светот, а на „Инстаграм“ ја следат 28,6 милиони луѓе.

Во текот на студирањето, отвори блог на кој објавуваше фотографии направени на различни локации во Милано. Во 2013 година се пресели во Лос Анџелес, а набргу потоа магазинот „Форбс“ ја прогласи за една од топ-30 личности во модната индустрија помлади од 30 години. Шпанското издание на „Вог“ ја стави на својата насловна страница, а на „Харвард“ нејзиниот блог беше искористен како пример на паметно работење во блогерската индустрија.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста