Утрински Весник
Свет

Моди во Токио: Индија и Јапонија ќе го обликуваат „азискиот век“

20250829131051 big 730x400 12.webp.webp

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Индија и Јапонија ќе го „обликуваат азискиот век за стабилност, раст и просперитет“.

Тој изјавата ја даде за време на посетата на Токио, чија цел е зајакнување на безбедносната соработка и обезбедување нови јапонски инвестиции во Индија.


– Партнерството меѓу Индија и Јапонија е стратешко и разумно. Водени од економската логика, ги трансформиравме нашите заеднички интереси во заеднички просперитет, рече Моди на економски форум.

Тој оцени дека Индија е „отскочна даска“ за јапонските компании кон глобалниот Југ.

Според медиумските извештаи, Токио ќе најави инвестиции во Индија вредни 68 милијарди долари.

Посетата е дел од поширока турнеја на Моди, кој од Јапонија ќе отпатува во Кина на самитот на Шангајската организација за соработка, каде ќе присуствуваат и кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин. Ова е прва посета на Моди на Кина од 2018 година.

Можете да прочитате

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија