Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат на буништето на историјата

Jovana mojsoska 585x353 1.jpg
300x250 opst2

Во вчерашната дебата за визијата за Струга на ТВ 21 биле повикани само двајца кандидати за градоначалници за да гги изнесат своите ставови за решавање на урбанистичкиот хаос во градот. Кандидатката за градоначалник од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи реагираше на ваквата селективност, но и на искажаните „визии” на кандидатите.

„Едниот кандидат, (како сопственик на градежна компанија), ќе го ‘решавал’ урбанистичкиот хаос во Струга, додека неговата фирма непречено 20 години го бетонизира струшкото крајбрежје (со сомнителни легализации). Штета што не можевме да слушнеме каков е неговиот став за 7.000 дивоградби во Струга”, напиша Мојсоска.


Во однос на вториот кандидат, поддржан од партијата на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, Мојсоска посочи на контрадикторноста во неговите заложби: „Другиот кандидат ќе ги решавал проблемите што ги создаде главниот султан во Струга, човекот кој додека градот се иселуваше, неговото богатство го вброи меѓу 10-те најбогати градоначалници во Македонија”.

Мојсоска порача дека граѓаните на 19 октомври имаат можност да стават крај на истите политички лица кои со години даваат празни ветувања без реални резултати: „Ако и вам ви е преку глава од истите празни флоскули и нереализирани ветувања, време е овие истрошени политичари да ги испратиме на буништето на историјата”.

На крајот, Мојсоска им упати забелешка на новинарите од ТВ21: „Да ги информирам новинарите дека во Струга свој кандидат за градоначалник има и парламентарна партија со пратеничка група”.

Изјавата на Јована Мојсоска јасно ја отсликува нејзината критика кон долгогодишната негрижа, корупција и урбанистички хаос во Струга, најавувајќи дека нејзината кандидатура претставува избор за вистинска промена.

Можете да прочитате

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола