Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Наместо нови лица – ДПМНЕ предлага “вечни функционери” за заменици министри

Ovana Mo Soska Scaled 1.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Реплика на пратеничката од Левица, Јована МОЈСОСКА, на Седницата за изборот на Заменици министри во новата Влада:

„Не слушнав ништо за критериумите или за квалитетот на кадрите што ги понудивте. Тоа мене не ме изненади, затоа што нудите кадри и од времето на груевизмот и од времето на бранковизмот. И затоа сметам дека овој состав на заменици на министри НЕМА капацитет да воведе нови политики.

Вие покажавте дека вашата мантра за нови лица во политиката воошто не е така! Сега гледаме како првиот ешалон од времето на Груевски станува втор ешалон, а вториот ешалон сега станува прв ешалон.

Ја споменавте АНЕ ЛАШКОСКА која има пратенички мандат од 13 години, која не само што наплаќаше патни трошоци, туку користеше и двојни привилегии. Односно, тогаш излезе скандалот, дека користеше и стан од државата и патни трошоци! Сигурна сум дека сте многу сензитивни кога ги спомнуваме патните трошоци.

Има нешто што се вика морал и етика! Најискрено прашувам ‘Како пензионерите купуваат бајат леб затоа што не можат да ја поминат неделата?’ – А, вие тука, говорите дека се е согласно законот и уставот. Тоа само кажува за вашиот морален склоп.”

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема