Утрински Весник
Македонија

Мојсоска бара вонреден надзор за сите што поседуваат дозволи за експлоатација во Струга

Jovana mojsoska 585x353 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи информира дека поднела иницијативи до Министерство за енергетика и Министерство за животна средина и просторно планирање, со барање за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти што поседуваат дозволи за експлоатација на територијата на Струга, но и над оние кои, според неа, работат незаконски и без важечки договори.


Според Мојсоска, безредието, институционалната пасивност и корумпираноста во системот довеле до апсурдна состојба – „градот на две води” да остане без вода. Таа предупредува дека е неопходна итна и сеопфатна контрола на сите концесионери и економски субјекти што вршат експлоатација, со цел да се утврди дали токму тие активности придонеле за актуелната криза.

Воедно, таа упати јавен апел до Министерство за внатрешни работи и до Основно јавно обвинителство Струга да постапат по допрен глас и да не чекаат нов еколошки инцидент за да ги утврдат евентуалните незаконски активности и злоупотреби.

„Не смее да се дозволи поединци да остваруваат милионски профити преку незаконска експлоатација, додека цената ја плаќаат Стружани “, посочува Мојсоска и додава дека „секој купен глас скапо кошта”.

Можете да прочитате

Поднесени 476 приговори до Основниот кривичен суд Скопје во првиот месец од примената на ,,Безбеден град”

Пратеници и активисти бараат унапредување на „Мој термин“

Арбен Тарави поднесе тужба за клевета против Изет Меџити.