Утрински Весник
Македонија

МНРиНТ ги повикува македонските граѓани да ја напуштат Сирија

Mnrint.webp.webp

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389  75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание