Утрински Весник
Македонија

МНР во координација со Литванија за враќање на телото на Александар Карадакоски

Mnrint.webp.webp

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава, е во редовна комуникација со семејството на починатиот пациент Александар Карадакоски, како и со надлежните институции во Литванија.

Од страна на Амбасадата се преземаат сите неопходни активности за завршување на конзуларните постапки и за организација на транспортот на телото на починатиот македонски државјанин назад во земјата.


Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Варшава стојат на располагање за комуникација и асистенција, и се во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Литванија.

Кризниот штаб при Министерството е во редовна координација со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни новини.

Можете да прочитате

По масовна тепачка во Центар, приведени 14 лица, од кои шест малолетници

Обиена станица за технички преглед во Чаир, украден ресивер од видео надзорот

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани