Утрински Весник
Македонија

МНР ја осуди декларацијата од Благоевград: Во спротивност е на намерата за градење доверба меѓу народите

МНР ја осуди декларацијата од Благоевград: Во спротивност е на намерата за градење доверба меѓу народите

Во врска со декларацијата на Советот на Општина Благоевград, Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината, кои се однесуваат на македонскиот народ.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа – да промовира пријателство и меѓусебно почитување.

Уште еднаш потенцираме дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството и во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности што создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка“, се наведува во соопштението на МНР.

На седницата на Советот на Општина Благоевград на 7 октомври со 25 гласа „за“, ниту еден „против“ и 4 „воздржани“ е изгласана декларација и е донесено решение со кое отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ се смета за груба провокација.

Советот на Општина Благоевград смета дека со отворањето на клубот грубо се прекршува договорот за добрососедство меѓу Бугарија и С. Македонија.

Можете да прочитате

Тажна вест: Почина Игор Лазарев, советник во општина Центар и претседател на огранокот на Социјалистичката партија

Важни информации за оние кои ќе патуваат: На овие делници има изменет режим на сообраќај

Приведен гевгеличанец, криумчарел мигранти од Ирак и Сирија