Утрински Весник
Свет

„Многу работи се комплицирани“, Вучиќ за потерницата за Путин

„Многу работи се комплицирани“, Вучиќ за потерницата за Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин за воени злосторства во Украина, изјави дека „многу работи се комплицирани“.

dobivaj vesti na viber

„Светот си оди, само ние да не одиме со него. Сега гледам дека многу работи се комплицираат, треба да избегнеме многу од тоа“, рече Вучиќ за време на посетата на областа Срем.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

 

Можете да прочитате

Германската министерка за надворешни работи и Нетанјаху се скараа поради фотографии од пазарите во Газа

Блинкен: Америка е посветена на безбедноста на Израел, но не беше вклучена во нападот врз Иран

Најмалку 29 повредени кога траект од Капри удри во пристаништето во Неапол