Утрински Весник
Свет

ММФ: Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се закана за глобалната економија

20240508131721 Big 730x400 67.webp.webp

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг и поделбата на геополитички блокови претставуваат закана за глобалната економија, изјави заменичката на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Гита Гопинат во говор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

– Се повеќе земји ширум светот се загрижени за својата економска и национална безбедност и врз основа на тоа одлучуваат со кого да тргуваат и во кого да инвестираат, рече Гопинат.

Таа додаде дека поради тоа земјите се повеќе „бираат страна“ меѓу САД и Кина.

Гопинат истакна дека странските директни инвестиции исто така се пренасочуваат по геополитички линии, додека некои земји ја преиспитуваат употребата на доларот во нивните меѓународни трансакции и резерви.

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак