Утрински Весник
Македонија

Млад скојанец со „голф“ усмрти пензионер на улица во Бутел

Млад скојанец со „голф“ усмрти пензионер на улица во Бутел

Осумаесетгодишен скопјанец управувајќи автомобил удрил во 71-годишен маж кој загина на местото на несреќата.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, ударот во пешакот се случил синоќа во населбата Бутел, на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“.

„Патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје. На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница 8 Септември“, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Стојаноска: „Платформа 1198″ предвидува рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци