Утрински Весник
Македонија

Млад пешак прегазен на скопски булевар

Pesak Pesaci.jpg

Пешак прегазен на еден скопски булевар. Повреден е тој и совозачот од возилото кое удрило во него.

Како што соопштија о полицијата, вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од село Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група