Утрински Весник
Македонија

Млад човек со потекло од Македонија е уапсен за обид за терористички напад во Виена

195563 Qs9u20ffzwei733irc2lq6sim0fc1drqbz3npuxcio.jpg

Две лица се уапсени во Виена под сомнение дека имале планови за терористички напад за време на концертите на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, пренесе дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Според „Кронен цајтунг“, едниот од нив е 19-годишен Австриец со македонско потекло кој „живеел со семејството во градот Терниц“. Тој бил уапсен „под силно сомение за тероризам“. Вториот осомничен е Австриец од Виена.

Полицијата најпрво најави дека концертите нема да бидат откажани, но потоа сфати дека 65.000 луѓе на секој концерт и повеќе од 20.000 надвор од стадионот, очекувано е преголем безбедносен ризик.

Шефот на полицијата на Виена, Герхард Пирстл, изјави дека на секој концерт се очекуваа по 68.000 фанови, плус 22.000 надвор од стадионот „Ернст Хапел“.

„Благодарение на интензивната соработка на нашите безбедносни агенции и полиција со странските служби заканата беше препозната рано, реагиравме и спречена е трагедија. Истрагата продолжува“, кажа Пирстл.

Второто апсење било извршено вчера попладне во Виена, според виенски „Курир“ бил 17-годишник, а полицијата рече дека се трага по уште тројца осомничени.

„Според досега утврденото, двајцата осомничени биле радикализирани преку интернет. Деветнаесетгодишникот ѝ дал заклетва на Исламска држава во почетокот на јули“, изјави генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф.

Голема операција била спроведена во Терниц, при што биле евакуирани неколку куќи.

„Во домот на 19-годишникот се пронајдени хемиски супстанци, кои се испитуваат“, рече Руф.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини