Утрински Весник
Спорт

Митровиќ ќе добие долга суспензија

Митровиќ ќе добие долга суспензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Александар Митровиќ, вчера за само десетина минути од херој стана трагичар на Фулам. Српскиот напаѓач го постигна првиот гол на „Олд Трафорд“, против Манчестер јунајтед во четвртфиналето на ФА купот, а потоа доби црвен картон.

dobivaj vesti na viber

Митровиќ доби црвен картон откако протестираше на судиската одлука да биде досуден пенал за Јунајтед.

Најпрвин тој вербално го нападна судијата Крис Кавано, потоа му се внесе во лицето и го пцуеше.

Србинот е соочен со драконска казна за овој инцидент. Англиските медиуми пишуваат дека веројатно за него сезоната е завршена, предвидуваат дека ќе добие забрана за настап на наредните 10 натпревари.

Поради сличен инцидент во 1998 година, Италијанецот Паоло Ди Канио доби суспензија на 11 натпревари.

 

Можете да прочитате

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери