Утрински Весник
Македонија

Митрески: СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Jovan mitreski sdsm.jpg

Прес конференција, Јован Митрески, пратеник на СДСМ и потпретседател на Собранието

Поминува повеќе од една година од овој пратенички мандат.


Како пратеници на СДСМ и Коалицијата поднесовме десетици закони и ниеден од нив не беше прифатен од мнозинството.

Поднесовме закон минималната плата да продолжи да расте.

Поднесовме закон за Продолжување на растот на сите плати во приватниот и јавниот сектор. Ниеден од нив не беше прифатен. Денес, имаме понижени работници, посиромашни граѓани. Денес имаме работници со најниски плати и најнизок животен стандард во Европа. Поднесовме закони за ослободување од данок на основните производи за секојдневен живот, за да се намалат цените за да го прекинеме дивеењето на цените, да го заштитиме животниот стандард но и тие не беа прифатени.

Денес имаме највисоки цени во регионот. Законот за бранители една година стои заглавен во процедура. Ако до пред некое време бараа изговори во Претседателот Гаши и поранешната претседателка на комисијата Даути, денес имаме ситуација тие големи патриоти во уште поголеми наводници да не го ставаат на дневен ред  и да не го гласаат законот за бранители.

Законот за настраданите од Кочани, нешто што бара итна и брза реакција во Собранието затоа што станува збор државна помош на настраданите во овие тешки моменти, ги користат сите деловнички односно ги злоупотребуваат сите деловнички можности за да не дојде на дневен ред и да не се изгласа овој важен закон.

Поднесовме над 400 амандмани на буџетот. Прв пат во историјата ниту еден од нив не  беше прифатен.

Од друга страна, од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден закон од нивната предизборна програма за која добија огромна поддршка од граѓаните. Од нивна страна има нешто тотално спротивно од тоа што го зборуваа и ветуваа. Тие што велеа НИКОГАШ СЕВЕРНА поднесоа над 110 закони за промена на името Р. Македонија во Р.С.М.

Тие што зборуваа за професионализација, Мерит  систем, квалитетни кадри поднесоа над 40 закони за намалување на критериумите за избор на директори за да ги стават нивните партиски послушници на високи државни функции.

Нема ништо од нивната предизборна програма.

Затоа ние, пратениците од СДСМ и коалицијата, денес поднесовме 12 закони кои што се ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби изгледа Парадоксално, но кога тие не ги прифаќаа нашите предлози еве можеби ќе ги прифатат нивните, истите оние што ги ветуваа пред граѓаните и добија нивна огромна поддршка.

Ветуваа 1 денар од акцизата за гориво за спортистите, за клубовите, спортската инфраструктура. Една година, ништо од тоа. Затоа, ние денес поднесуваме таков закон. Ветуваа породилно отсуство за жените Земјоделки. Една година помина ништо од тоа. Еве денес ние од СДСМ го поднесуваме тој закон.

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување