Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Митовски од СДСМ најави нови катни гаражи, мост, базен и кино во Гази Баба

Vlatko mitovski sdsm gazi baba.jpeg
Img 7972

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Изминативе четири години, Општина Гази Баба тоне во мрак и хаос, како последица на неспособноста, неработата и лажниот популизам на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефковски. Наместо развој, застој. Наместо ред, дива урбанизација. Наместо визија, шминка и предизборен маркетинг, порача од трибината во Гази Баба кандидатот за градоначалник Влатко Митовски.


Тој потенцираше дека општината која заслужуваше чистота и урбана култура, денес се тоне во депонии, кал и хаотичен сообраќај. Општина со огромен потенцијал, која беше раководена по принципот „купи ден, помини ден”, без никаков план или отчет.

„Стефковски ќе остане запаметен како градоначалникот што создаде повеќе депонии отколку решенија, и кој наместо живот понуди само пораз и срам. Нашите соседи одамна испраќаат луѓе на месечината, а делови од Гази Баба сè уште немаат питка вода”, истакна кандидатот на СДСМ за градоначалник, Влатко Митовски, укажувајќи на катастрофалната реалност што ја живеат жителите.

Тој ја побара довербата од граѓаните, затоа што има јасна визија за развој, грижа за сите населби и враќање на достоинството на граѓаните.

„Нашата визија не е хартија, туку патоказ. Во првите 100 дена: ќе бидат исчистени сите диви депонии, ќе почне изградба на стопански стационар за бездомни животни, со цел Гази Баба да стане првата општина со нула кучиња скитници, ќе се воспостави модерен систем за управување со отпад”, порача Митовски.

Тој најави и три катни гаражи и еднонасочни улици во Автокоманда за крај на сообраќајниот метеж, нов мост што ќе го поврзе булеварот Асном со улицата Перо Наков и нова клучка за Инџиково и Хиподром, целосна реконструкција на водоводната мрежа во сите делови каде нема вода, нова спортска сала, затворен базен, кино и културни домови, нова општинска зграда, велосипедски патеки и јавни зелени простори.

„Ќе се стави крај на урбанистичкиот хаос, ќе се гради со план, не по диктат на мафијата. Ќе градиме чесно, транспарентно и со ред, а секој потрошен денар ќе биде видлив за граѓаните. Време е да го вратиме сјајот на општината. На 19. октомври да гласаме за број 5, да за ја вратиме општината на граѓаните”, порача Митовски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски се приклучи на маршот за подигање на свеста за ракот на дојка

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Шукова: Мојата програма содржи брзи решенија и реални мерки за граѓаните