Утрински Весник
Скопје

Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите, велат од Левица

Levica.webp.webp

Соопштение на Левица Аеродром:

Одлуката со која Општината на инвеститори им дозволува пренамена на земјоделско земјиште во градежно не е во интерес на граѓаните, туку напротив, директно им штети. Ваквата одлука претставува „подарок” за инвеститорите, повторно на сметка на граѓаните, рече советникот Дејан Ристовски на седница на Совет на Општина Аеродром.

Ристовски истакна дека инвеститорите купуваат земјоделско земјиште по многу ниски цени, а потоа со барања за пренамена во градежно цената на земјиштето значително расте и на тој начин остваруваат енормни добивки кои се исклучиво во нивна корист.

Конкретното земјиште е во реон кој нема соодветни услови за изградба, нема можности за проширување на патната инфраструктура, ниту пак соодветна водоводна инсталација со што би се влошил квалитетот на живот на жителите во оваа населба.

Советниците на Левица порачуваат дека ќе продолжат да се спротивставуваат на одлуките кои го ставаат интересот на инвеститорите пред интересот на граѓаните.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски најави крај на хаосот, 100 нови еколошки автобуси во Скопје

Отворен нов наплатен пункт на Водовод во општина Ѓорче Петров

Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028″