Утрински Весник
Македонија

Митева: Зошто Филипче 6 години не ги пријавил 5 стана во Скопје, уште во 2018 година кога станал министер?

Miteva.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика.

Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште пофрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба.

Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ЈО да поведе постапка за Филипче.

Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Каде е имотот, а ако го продал зошто не ги пријавил парите?

Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра.

Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра.

Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори.

Можете да прочитате

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра

Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист