Утрински Весник
Свет

Израел ја нападна Сирија – 24info.mk

Napadi Sirija.png

Во синоќешните израелски напади врз неколку области во централна Сирија, загинаа најмалку пет лица, а 19 се ранети, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Целта на израелските сили биле голем број на воени локации, а сириската одбрана пресретнала и соборила неколку авиони и ракети.

Сириската опсерваторија за човекови права, организација со седиште во Обединетото Кралство, која известува за ситуацијата во Сирија, соопштила дека еден од нападите бил насочен кон научно-истражувачки центар во Масјаф.

Се смета дека во него биле тим ирански воени експерти вклучени во производството на оружје во Сирија.

Израелската армија се уште не ги коментира овие наводи.

Израел со години извршува напади на цели во Сирија за кои тврди дека се поврзани со Иран, а од почетокот на војната со Хамас тие напади се интензивираат.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички