Утрински Весник
Македонија

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови

Miteva 1.jpg

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, се осврна на владините мерки за цените на горивата. Таа истакна дека е горда на Владата,бидејќи навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата.

,,Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните“, вели Митева.


Таа вели дека Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

,,Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација“, рече Митева.

Можете да прочитате

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

Сведоци за пожарот во „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не се појават на рочиште