Утрински Весник
Македонија

Митева: Владата континуирано работи за подобрување на локалната самоуправа со финансиска поддршка за реализација на проекти

Marija Miteva 26.02.2025.png

„Во однос на локалната самоуправа ние континуирано работиме да ја подобриме со проекти и финансиски средства кои се обезбедени и им се на достап на самите општини и при тоа по нашата отвореност тие самите да определат за каков вид на проекти, односно што е најпотребно во самата општина, на самите граѓани”, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во гостување на „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.

Митева продолжи и додаде:


„Покажуваме навистина една отвореност, кооперативност која навистина сакаме да ја имаме и сега и во иднина. Ги охрабруваме сите градоначалници без разлика од која политичка партија доаѓаат да аплицираат и да ги искористат овие средства”, истакна Митева.

Митева е јасна дека треба да се гради систем на доверба, а не на празни флоскули кои досега се нуделе.

„Не постои состојба на која треба да гледаме како политички конкуренти тоа граѓаните на следните избори ќе си одлучат. Наше е да работиме, да презентираме што имаме, да ја кажеме нашата визија, да ги споредиме програмите, да видиме колку од она што е ветено е реализирано. Мора да почнеме да градиме систем на доверба врз основа на даден збор и испорачано кон граѓаните, доста беа некако празни флоскули кои беа нудени. Ние имаме малку поинаков пристап во самото владеење а тоа е навистина да покажеме дека едноставно работата ќе биде таа што ќе зборува погласно од зборовите”, вели Митева.

Запрашана за дали конечно ќе престане да се вработува на партиска и етничка основа Митева посочи дека новата Влада нема таква пракса, ниту пак работи и размислува за таков начин на вработување.

„За овие 8 до 9 месеци ние немаме таква пракса, ниту пак работиме и размислуваме на таков начин, се разбира дека е нешто кое на граѓаните континуирано во минатото им пречело, континуирано сме зборувале за непотизам, кронизам итн., континуирано преку вас медиумите се пласирале вести за неетичко постапување од политичките партии при самите вработувања. Природен процес во политиката е да има транзиција на политички партии меѓутоа неприроден процес би било доколку граѓаните кои навистина работеле на една позиција да бидат променети при промената на самата власт. Немаме таков пристап на работа, навистина време е Мерит системот да почне да владее, да видиме согласно какви капацитети, можности, образование инт., секој еден може да придонесе. Еден показател дека навистина сакаме да се справиме со ова беше и укинувањето на самиот балансер”, заклучи Митева

Можете да прочитате

МНР со реакција на ставовите на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните, велат од СДСМ

Филипче: Гласањето во ООН покажа дека Владата надворешната политика ја води без компас