Утрински Весник
Македонија

Митева: Владата донесе одлука за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари

04022025 Vlada.jpg

Владата денеска оддржа две седници, 47-та беше тематска седница наменета за програмите за работа на министерствата, агенциите и Јавните претпријатија за 2025 година како што се:

– програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија. Согласно Буџетот за програмски активности на Агенцијата предвидени се над 42 милиони денари, дел од средствата ќе бидат наменети за финансирање и кофинансирање на програмски активности, а еве и дел од нив се однесуваат на:


•     Претприемачко образование – биди претприемач или

•     Поддршка на женско претприемништво

– НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА

ПЕРИОД ОД 2025 ДО 2029 ГОДИНА во која се вметнати мерливи индикатори за зголемување на товарниот превоз и намалување на времето на патување за патничките возови

– Тука е и програмата за инвестирање во животната средина,

– програма за рамномерен регионален развој за 2025 година како и

– програмите за развој на спортот и програма за субвенции од областа на спорот за 2025 година.

Донесени се и многу други програми за работа, очекуваме сите институции во деновите што следат соодветно да ја информираат и запознаат јавноста!

На втората, редовна 48 -ма седница на владата се разгледуваа следниве точки:

Владата ја разгледа и усвои информацијата и за прв пат ќе се воведе нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството за деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост, а надлежноста за ова ќе припадне на Министеството за здравство, Министеството за социјална политика, демографија и млади и Министеството за образование и наука. 

Да се грижиме заедно за нашите деца!

Продолжуваме и со поддршката за општините!

Следната недела, Министерство за локална самоуправа ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари. Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја.

И вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието. Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме

Останете информирани, посетувајте го стајтот vlada.mk за новитети и одлуки кои имаат за цел да го подобрат Вашето секојдневие!

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ