Утрински Весник
Македонија

Митева: Никој не дека ДУИ се искрени во намерите за ветинг

Mari A Miteva.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Поминаа три дена и ДУИ сѐ уште не сака да го слушне одговорот кој веќе го упативме.

Сметаме дека ДУИ сѐ уште живее во меурот од сапуница создаден поради нивната корумпираност и нивните подложни на корупција партнери од СДС и дека не се свесни дека на ваков начин и со вакви површни и очигледно очајни обиди на сите им е кристално јасно дека сакаат да си го кријат криминалот, но нема да успеат. Ниту, пак, некој ќе им верува дека намерите им се искрени ниту, пак тие самите си веруваат.

Повторуваме дека ова е маневар на ДУИ и СДС за да можат секоја постапка која би се отворила против член на нивното раководство да ја претстават како партиска пресметка и да убедуваат луѓе, нивни симпатизери да протестираат поради тоа што тие се наводно репресирани.

Затоа наместо вакви детски игри, кои им поминувале кај нивмите измеќари од СДС, ние велиме дека оваа држава има закони за сѐ: за ветинг, за потекло на имот, за злоупотреба на службената положба, за перење пари и трговија со влијание и за се што во една демократска држава треба да има закони.

Законите треба да се почитуваат, а не се почитувале до сега односно токму ДУИ и СДС ги злоупотребувале не само за партиски пресметки туку и со изигрување за нивно богатење.

Не треба да се измислува топла вода туку да се почитуваат законите вклучително кривичниот кој ДУИ и СДС за да се спасат сакаа, но не целосно го изменија.

Правда доаѓа. За сите.

Без разлика на партиска, етничка или верска припадност. А кој се огрешил пред законот и ги излажал и ограбил граѓаните има право да се плаши иако тоа нема да помогне многу.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете