Утрински Весник
Македонија

Митева: Мерко нѝ покажа дека СДС и ДУИ го стимулираат криминалот и корупцијата

Митева: Мерко нѝ покажа дека СДС и ДУИ го стимулираат криминалот и корупцијата

Случајот за струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, кажа Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на партиската трибина што се одржа денеска.

dobivaj vesti na viber

И она што можеме со сигурност да го кажеме е дека случајот Мерко ни покажа како вистински владеат СДС и ДУИ и денес да се биде криминалец во Македонија најверојатно е најлесната работа која што може да се направи, затоа што токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, вели Митева.

Митева нагласи дека одлуката на Стејт Департментот го потврди криминалот и корупцијата во владата на СДС и ДУИ.

„Она што Стејт Департментот го потврди е ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, уште еднаш покажа дека криминалот и корупцијата во врвот на ДУИ и СДС се приоритет и дека таму има луѓе кои што навистина сериозно се занимаваат со поткопување на Македонија.“

Можете да прочитате

Муцунски: Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи

Сајкоски: Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

Муртезани и Фидан: Заедничка визија за силен Балкан и европска иднина