Утрински Весник
Скопје

Митески: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола

450450187 504783848600202 3220125170594164676 N.jpg

Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески побара од Град Скопје под итно да го стави под контрола Вардариште откако синоќа жителите на Аеродром беа потресени од страшната слика што доаѓаше од оваа дива депонија.  Аеродромци беа сведоци на високи пламени оган и на густ чад со неподнослива миризба.

Митески заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски денеска излегоа на локацијата за да ја увидат состојбата по големиот пожар. Станува збор за локација што се наоѓа покрај реката Вардар на територијата на Општина Гази Баба, но е под надлежност на Град Скопје.

Оттука, Митески упатува остра реакција до Градот поради долгогодишната негрижа и запоставување на овој дел од Скопје, каде што има и диво населени жители. Тој ги повикува надлежните од оваа институција да изнајдат начин и механизам за обезбедување на целиот тој простор, односно да се ограничи пристапот со цел да нема фрлање и палење отпад од несовесни граѓани.

Општините Аеродром, Гази Баба и полицијата ќе ги преземат сите неопходни мерки што се во нивна надлежност, ќе ги зајакнат инспекциските и полициските контроли и патроли со цел да превенираат вакви или слични настани.

Инаку, Инспекторатот за животна средина на Општина Аеродром е првиот орган којшто минатата година до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за палење оган на отворен простор. Кривичната пријава е во постапка и се очекува што поскоро нејзино решавање. Општина Аеродром останува посветена на зачувување на животната средина и на грижата за здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Постигнат е времен договор со приватните превозници

Делови од Ѓорче Петров и Карпош утре без струја

СДСМ поднесе иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје