Во германскиот град Гелзенкирхен синоќа се случило мистериозно убиство. 36-годишната Џени С. отишла да фрли ѓубре, а откако не се вратила по брзо време, нејзиното момче почнало потрага.
Ја нашол девојката избодена и раскрвавена, па веднаш повиклал полиција. На местото на злосторството се упатиле екипи за итни случаи, меѓу кои и полиција и прва помош, но 36-годишна жена веќе била мртва.
Според првичните инфромации, таа била пронајдена со убодни рани.
Полицијата ги испитала и околните жители, но никој не чул ништо. Еден сосед ја видел по убиството.
„Имаше расекотини и јасни знаци на отпор. Како очајно да се борела за живот“, рече тој.
Полицијата исто така го испитува и нејзиниот дечко. Се пребаруваат и кантите за отпадоци, и засега нема траги од оружјето со кое е сторено убиството.
Полицијата на партнерот на несреќната жена и го одзела автомобилот, и биле пронајдени сомнителни предмети. Соседите зборувале дека мажот се преселил кај својата девојка пред неколку дена.