Утрински Весник
Свет

Мистериозен вирус уби тројца луѓе во Бурунди, симптомите се слични на еболата

Мистериозен вирус уби тројца луѓе во Бурунди, симптомите се слични на еболата
Ss2

Десетици луѓе се ставени во карантин додека властите во африканската држава Бурунди се обидуваат да го идентификуваат вирусот што уби три лица во рок од 24 часа откако се разболеле.

dobivaj vesti na viber

Здравствените власти ги повикуваат жителите на малата источноафриканска земја често да ги мијат рацете и да избегнуваат да јадат диви животни во обид да спречат ширење на смртоносна мистериозна болест.

Img 5587

Три лица во земјата ги загубија животите за три дена од болест која се’ уште не е формално идентификувана, а поради која десетици луѓе се принудени на строг карантин.

Симптомите на болеста се слични на оние на многу опасните вируси ебола и марбург, меѓутоа, Министерството за здравство на Бурунди ги отфрли двете болести.

Според очевидци, знаците на болеста се абдоминална болка, крвавење од носот кое се зголемува по смртта, акутни главоболки, висока температура, повраќање и вртоглавица, пренесува информативниот сајт „СОС медиа Бурунди“.

Тројцата пациенти наводно починале во рок од 24 часа од почетокот на симптомите и сите живееле во иста близина.

„Тоа е болест која брзо убива“, вели медицинска сестра од здравствениот центар Мигва, додавајќи: „Тоа е страшно, сите чекаме да умреме“.

Во меѓувреме, 18-годишен студент од друга заедница во Бурунди исто така бил примен во друга болница со слични симптоми, вклучително и повраќање со траги од крв, дијареа и крвавење од носот.

Истиот ден почина и му беше резервиран достоинствен и безбеден погреб“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Здравствените експерти се сомневаат дека студентот починал откако се заразил со вирусот марбург, поради тековната епидемија во соседна Танзанија.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56