Утрински Весник
Македонија

Мислел дека брат му сака да му го земе имотот, па го убил со тесла! Обвинение за хоророт во Кавадарци

Policija 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.


Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети.

Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Можете да прочитате

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево

Тешко повреден рудар од Пробиштип