Утрински Весник
Македонија

Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана – SAHA EXPO 2024

Misajlovski.webp.webp

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, кој се одржува во Истанбул, Турција.

За време на посетата на Република Турција, министерот Мисајловски ќе оствари средба со неговиот колега и домаќин министерот за национална одбрана, Јашар Гулер.

Денес и утре македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната.

Можете да прочитате

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува