Утрински Весник
Македонија

Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители: Она што македонските херои го оставиле за Македонија секогаш треба да остане во срцата на сите нас

7878.jpg

Денеска во Домот на Армијата во Скопје, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со семејствата на загинатите бранители и со претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“.

За време на средбата, на која што се разговараше за прашања кои се од особена важност за семејствата на загинатите бранители, министерот Мисајловски истакна дека грижата за семејствата на бранителите ќе продолжи и дека со заедничка соработка со Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ достојно ќе се негува и чува споменот на македонските херои.


„ Знајте дека со цело срце ве почитувам сите вас, она што македонските херои го оставиле за Македонија секогаш треба да остане во срцата на сите нас “ рече Мисајловски и додаде дека во рамки на законските можности лично ќе се заложи за поддршка и помош на секое семејство.

Претседателот на здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојановски, се заблагодари за организацијата на настанот на кој отворено се дискутираше за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат семејствата, а со тоа се оддава почит на бранителите.

Можете да прочитате

Неизвесноста со интерпелацијата Даути продолжува, од АА бараат нејзин реизбор

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци – Можна појава на снег дури и во април!

Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово – Струмица