Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Безбедносно-разузнавачката служба е столб на сигурноста

Photo 1.jpg

Денеска во Музејот на македонската борба беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање. На одбележувањето беа присутни министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и останати генерали и високи претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

По повод денешниот ден министерот Мисајловски се обрати пред присутните при што истакна дека поради постојаните промени кои се случуваат на полето на безбедноста брзиот развој на технологиите и големиот број на хибридни закани од особена важност е да се има силна безбедносно – разузнавачка служба која ќе може да се спротивстави на сите овие влијанија.


„Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната е изграден од врвни професионалци кои секојдневно работат и придонесуваат кон нашата заедничка заложба – безбедна, сигурна, стабилна Македонија. Вие сте клучната алка во системот на одбраната која ја зацврстува безбедноста и сигурноста на нашите граѓани”, рече Мисајловски.

На настанот се обрати и Директорот на Директоратот за безбедност и разузнавање во одбраната, полковник Игор Јанкуловски кој им оддаде признание на припадниците на Воената служба за нивната професионалност и посветеност во исполнување на работните обврски за заштита на националните интереси.

„Разузнавањето денес не е само око во темнината – тоа е алатка за проактивно делување, штитот на државната сигурност, стожер на одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет  на државата, во ера на комплексни меѓународни предизвици” рече Јанкуловски.

Можете да прочитате

Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување – директорот на АНБ не направил лажна исправа

Мицкоски со повик до пратениците: Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Случај “Адитив”: За секого за кого има докази дека сторил кривично дело местото му е на обвинителната клупа