Утрински Весник
Магазин

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

424 Profimedia 0138524295 1000x0 Orig.jpg

Некои мириси може да ви го нарушат сонот. Многу е веројатно дека не сте размислувале како мириса вашата спална соба. Излегува дека мирисите што ги мирисате додека се обидувате да заспиете може да имаат големо влијание врз квантитетот на вашиот сон.

Има некои мириси кои можат да не разбудат повеќе, а други се еквивалент на приспивни песни.

Хана Чепмен, основач на Ava May Aromas, се здружи со Карл Гасија за да го објасни сето тоа.

– Некои мириси можат да ве направат побудни, како цитрус и нане. Нането има остра, освежителна арома и докажано е дека неговиот мирис ја зголемува будноста и фокусот. Тоа е затоа што се верува дека мирисот на нане го стимулира хипокампусот, делот од мозокот одговорен за меморијата и будноста. Цитрусот, исто така, го стимулира овој дел од мозокот – со мирисите на лимон, лимета, портокал и грејпфрут, исто така, се смета дека имаат зајакнувачки ефект врз нивото на стрес и целокупната состојба на умот, објаснија тие.

И науката го потврдува тоа. Студија од 2008 година на Универзитетот во Синсинати ги истражуваше ефектите на есенцијалните масла од растенијата врз сознанието и расположението.

Истражувачите испрскале пеперминт и откриле дека ја зголемува будноста кај испитаниците.

Мирисите од цитрус, како што се лимонот и портокалот, се познати по нивните заживувачки својства, совршени за да ви помогнат да се чувствувате полни со енергија.

Меѓутоа, на ист начин како што некои мириси нè поттикнуваат, други нè опуштаат и смируваат, па затоа Чепмен предлага да користите есенцијални масла во вашата ноќна рутина.

„Додавањето одредени мириси во вашата рутина за спиење, без разлика дали тоа е локално користење на есенцијални масла или преку дифузер за масло, може да биде корисно“, вели таа.

Пред се, важно е да изберете мирис кој ќе ви биде пријатен и релаксирачки бидејќи тоа е личен избор.

– Интегрирањето на истиот мирис повеќе пати може да биде корисно бидејќи по некое време вашиот мозок ќе го поврзе мирисот со спиење и релаксација, советува Чепмен.

Можете да прочитате

Во Скопје утре прв „Dog Fest”

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција