Утрински Весник
Спорт

Миовски: Сакам да бидам најдобар стрелец во првенството на Шкотска

Миовски: Сакам да бидам најдобар стрелец во првенството на Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин. Тој беше двоен стрелец и изминатиов викенд за својот тим во триумфот (4:1) против Килмарнок и стигна до седум гола во првенството на Шкотска.

dobivaj vesti na viber

Миовски го дели второто место на листата на стрелците со напаѓачот на Селтик, Кијого Фурухаши, а има еден помалку од Хрватот Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс.

„Моја цел е да бидам најдобар стрелец во Шкотска, тоа е сон на секој напаѓач кога ќе дојде во една ваква силна лига. Го избрав Абердин токму поради офанзивниот стил на фудбал што се негува, мислам дека добро се вклопи и ќе се трудам да бидам ефикасен. Имам одлична соработка со соиграчите, а уживам и во односот со навивачите, тии се моја огромна мотивација за да дадам сè на теренот. Постигнав седум гола, задоволен сум и се надевам дека вака ќе продолжам“, изјави Миовски.

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури