Утрински Весник
Свет

Миодраг Лекиќ предложен за нов мандатар на владата на Црна Гора

Миодраг Лекиќ предложен за нов мандатар на владата на Црна Гора
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на Демос и поранешен дипломат на СРЈ, Миодраг Лекиќ, е предложен за нов премиер на Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, по средбата на парламентарното мнозинство, изјави дека имаат висок степен на согласност за идниот претседател.

Тој истакна дека Миодраг Лекиќ е личноста за која се разговарало како иден претставник, а не пријавил никого кој би бил против. Средбата се одржала во зградата на црногорскиот парламент.

Парламентарното мнозинство веќе одржа четири средби, но засега не постигна договор за формирање нова влада и избор на парламентарното раководство.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, утре ќе ги почне консултациите за мандатот за состав на влада со претставници на политичките партии, односно коалициите, претставени во Собранието.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична