Утрински Весник
Македонија

Минусни температури утрово во Скопје, Штип, Струмица, Крушево и Маврово

Studeno Vreme.jpg

Скопје-Петровец со минус два степени беше најстуденото место утрово. Во Штип, Струмица, Крушево и Маврово во 8:30 часот беа измерени -1 степен. Нула степени беа измерени во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија, додека еден степен во Виница и Берово.

Најтопло утрово беше во Гевгелија, каде беа измерени пет степени.

Дожд во изминатите 24 часа имаше во Маврово и Попова Шапка, каде наврнаа 1 литар на метар квадратен.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и максимална температура до 9 степени.

Можете да прочитате

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за „Сејф сити“

Синдикатот на културата поднесе кривична пријава против министерот Љутков, тој ги отфрла обвинувањата

Расте бројот на компании задоволни од бизнис-климата во Македонија вели Мицкоски