Утрински Весник
Македонија

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Kiril minoski 1170x780 1.jpg

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски денеска на Фејсбук објави став во кој се повикува на економската школа на нобеловецот Милтон Фридман, потсетувајќи дека причините за инфлацијата не треба да се бараат кај потрошувачите или производителите, туку во политиките на државата.

„Потрошувачите не ја создаваат инфлацијата. Ниту производителите. Инфлацијата настанува единствено од прекумерна владина потрошувачка и прекумерно создавање пари и од ништо друго“, наведува Миноски цитирајќи го Фридман, еден од највлијателните економисти на 20 век.

Во својот статус Миноски коментира дека идеите на Фридман традиционално се темел на економските политики на конзервативните партии, но и дека лекцијата за причините на инфлацијата одамна е поставена — прашањето, како што вели, е дали денешните носители на одлуки имаат капацитет да ја препознаат.

Неговата објава доаѓа во период на засилени дебати за движењето на инфлацијата и буџетската политика, а анализата на Миноски повторно го отвора прашањето колку државната потрошувачка придонесува за економската нестабилност.

Screenshot

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија

Македонски држајанин ја претепал сопругата до смрт