Министерството за одбрана го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.
„Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни;
– да имаат завршено најмалку средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.
Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување“, велат од МО.
Кандидатите за професионални војници, како што се појаснува во соопштението, својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини:
– по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected];
– до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.
Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии
Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk