Утрински Весник
Економија

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп

Opstina prilep.webp.webp

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе организира информативни денови во поголем број општини, на кои пред јавноста ќе се презентираат мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, како и за останатите мерки предвидени со Програмите за работа на Министерството.

Првиот информативен ден, како што информираат од Министерството, ќе се одржи денеска во салата на Советот на Советот на Општина Прилеп, каде ќе присуствува заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.


На овие средби покрај претставници од Министерството, ќе бидат присутни и претставници од локалните самоуправи, Агенцијата за вработување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

На инфо деновите се поканети стопанските комори, здруженија на занаетчии, здруженија на млади и сите граѓани кои сакаат подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на министерството за економија и труд.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Реалната просечна плата во време на ВМРО-ДПМНЕ пораснала двојно повеќе од времето кога СДСМ беше на власт

Дигитализацијата во УЈП штеди време – илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги

Лукаревска: Кај граѓаните има огромно разочарување од ВМРО-ДПМНЕ