Утрински Весник
Економија

Министерство за транспорт: Во координација со ЕК се бара трајно решение за превозниците

Kamioni.webp.webp

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение, велат од Министерството за транспорт.

„Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи. 

Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем. 

Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни. 

Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение“ се наведува од Министерството

Можете да прочитате

Левица: Владата го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови, граѓаните се туркаат во доживотен закуп

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

Бранко Азески во посета на Штип