Утрински Весник
Македонија

Министерство за правда за укинатата пресуда за организаторите на 27 април: пропустите остануваат пракса за некои судии

Министерство за правда за укинатата пресуда за организаторите на 27 април: пропустите остануваат пракса за некои судии
Dik 300x250 mk

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Ова преку соопштение го изјавија од Министерство за Правда за укинатата пресуда за организаторите на 27 април.

dobivaj vesti na viber

„Неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет , односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, велат оттаму.

Го повикуваат Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и дисциплинска ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.

Можете да прочитате

Се снимал додека пукал, уапсен млад тетовец

Викендов почнува зимското сметање на времето

(Видео) Голема полициска акција, уапсени 11 лица за лихварство