Утрински Весник
Македонија

Министерот за труд и социјална политика ги посети Кочани и Зрновци

Photo 2024 04 08 17 36 32.jpg

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оставари работна посета на општините Кочани и Зрновци.

Центарот за социјални работи во Кочани се соочува со недостакок на стручен кадар. Овој проблем се појавува во повеќе центри и е резултат на негрижата кон социјалните работници години наназад. Нови системски решенија во министерството се насушна потреба во наредниот период и стручните служби веќе подготвуваат решенија кои треба да донесат поедноставување на процедурите и заштеда на средства на министерството.

Грижата за најмладите мора да биде исто така врвен приритет но оставени се без доволнен персонал кој ќе се грижи за нив и без доволно просторни капацитети. Во Зрновци во градинката “Бисерчиња” ќе се доградуваат капацитетите кои ќе значат зголемување на квалитетот на наставата и повеќе простор во зимските услови.

Велковски направи и увид во новата градинка која е во изградба 3 години а која од необјасниви околности градбата беше во застој. Се надеваме дека од септември градинката ќе ги прими своите први посетители.

Пензионерите во Кочани и Зрновци со идентични барања. Животниот стандард да се стави под контрола. Поскапувањата повеќе не се издржуваат. Повеќе од пола пензија оди на лекови, а нема ни средства за квалитетна исхрана. Сакаме вистинска грижа а не само празни зборови. Не сме овдека од убавина!  Пензионерите во другите земји го шетаат светот а ние немаме пари да преживееме ни 15 дена – велат тие.

По изборите ќе се заложам за правда кон сите пензионери и ќе ги искористиме законските можности секој пензионер да ги користи поволностите кои му следуваат  – им порача министерот Велковски.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите