Утрински Весник
Свет

Министерот за полиција на Косово: Србија со барикади се бори против суверенитетот на Косово

Министерот за полиција на Косово: Србија со барикади се бори против суверенитетот на Косово

Според косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, Србија под влијание на Русија, планира да го дестабилизира Косово со поддршка на српското малцинство на северот на земјата, кое веќе три недели протестира и ги блокира патиштата, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Токму Србија, под влијание на Русија, ја подигна состојбата на воена готовност и нареди да се подигнат нови барикади за да се оправдаат и заштитат криминалните групи кои ги тероризираат граѓаните од српска националност на Косово“, вели косовскиот министер.

Тој како што пренесуваат медиумите изјави дека Србија се бори „против суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Косово со барикади како алатка и дека Косово е заинтересирано за борба против криминалот и криминалните групи во Косово.

Тој на Фејсбук изјави дека за разлика од Србија „која има за цел дестабилизација и војна, Косово сака мир и стабилност“ и дека не се точни тврдењата дека Косово е во состојба на подготвеност.

„Оваа информација е дел од пропагандата на Србија и Русија. Србија, под влијание на Русија, ја подигна состојбата на воена готовност, нареди да се подигнат нови барикади, со цел да се оправдаат и заштитат криминалните групи кои ги тероризираат особено граѓаните од српска националност, кои живеат на Косово“, пишува Свечла.

„Косовската полиција го спроведува својот законски мандат како и секаде во Република Косово. Тоа се нивни секојдневни задачи, а не воена готовност. Тоа важи и за косовските безбедносни сили кои ги извршуваат секојдневните обврски, а не се работи за зголемување на подготвеноста или ангажирање резервисти“, додава тој.

Нагласува дека сите институции тесно соработуваат со меѓународните партнери за ова прашање да се реши без можна ескалација.

„Овој факт очигледно ја кочи Србија, која прави се за барикадите да донесат и човечки жртви, за што сведочат последователните вооружени напади врз полицајци, членови на ЕУЛЕКС и неодамна врз КФОР. Србија со барикадите како алатка се бори против суверенитетот и територијалниот интегритет на соседната земја, а ние сме заинтересирани да се бориме против криминалот и криминалните групи внатре во нашата земја, без разлика кои се тие“, рече Свечла.

Посочува дека Србија на чело со Вучиќ по секоја цена се обидува да ги поткопа демократските вредности кои Косово ги промовира и штити.

„Затоа, нема да застанеме на заштита на овие демократски вредности и ќе бидеме блиску до сите наши граѓани без разлика и покрај заканувачките трендови“, вели тој.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет