Утрински Весник
Македонија

Министерот Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан

Ljutkov.webp.webp

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од  30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.

Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата” во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.

На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји  и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.

Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.

Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски и Мицкоски во вечерна обиколка на Скопје

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово

Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот