Утрински Весник
Македонија

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Taravari Bir Bb.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.

-Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА.
На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.

Можете да прочитате

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода