Утрински Весник
Македонија

Министерот Перински во работни посети на Свети Николе и Чешиново – Облешево со фокус на локалниот развој

Ministerot perinski vo rabotni poseti na sveti nikole i cheshinovo obleshevo so fokus na lokalniot razvoj 4.jpg

Конкретни инвестиции, резултати и можности за засилена соработка меѓу централната и локалната власт беа клучните теми на разговор на работните посети на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во општините Свети Николе и Чешиново – Облешево.

Во директни разговори со градоначалниците, членовите на Советот и претставници на општинската администрација, беа разгледани тековните активности, приоритетите на локално ниво и напредокот во реализацијата на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на мерките што носат непосредни придобивки за граѓаните.


Воедно, министерот Перински информираше дека во Ресурсниот центар за поддршка на општините, веќе  е воспоставена солидна база од експерти за стручна и техничка помош, а тоа значи овозможување на директна поддршка на општините на нивно барање.

Притоа, беше најавено и започнување на нов процес за разгледување на потребата од измени на законското решение за меѓуопштинската соработка, со цел поттикнување и унапредување на овој важен инструмент за поефикасно користење на ресурсите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Со поддршка на Владата во рамки на двата јавни повика за финансирање на проекти за капитална инфраструктура, за двете општини се обезбедени значајни средства:

·         За Општина Свети Николе финансирани се 23 проекти, во вкупна вредност од 168.434.241 денари;

·         За Општина Чешиново – Облешево обезбедени се средства за 9 проекти, во вкупна вредност од над 60 милиони денари.

 „Овие инвестиции се директен одговор на потребите на граѓаните и доказ дека со координиран пристап и партнерство со општините, обезбедуваме рамномерен развој и подобри услови за живот во сите региони”, истакна министерот Перински.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, посочи дека општината активно работи на подготовка и реализација на развојни проекти „Во изминатиот период, активно работевме на подготовка и аплицирање на повеќе значајни проекти до Министерството за локална самоуправа. Овие проекти се насочени кон развој на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот за сите наши граѓани.”

Можете да прочитате

Муцунски оствари средба со полскиот министер за надворешни работи во Варшава

Обвинетите за злоупотреба со средства од ИПАРД-програмата седнаа на обвинителна клупа

ЗНМ реагира за однесувањето на новинар на прес-конференција во Тетово