Утрински Весник
Македонија

Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок – Пекинг +30

Limani.jpeg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир  Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Министерот Лимани во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката  декларација за родова  еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен  период.

На Регионалниот состанок во Женева, учествуваат земјите потписнички на Декларацијата од Европа и дел од Азија, а претходи на главниот настан кој ќе се одржи 2025 година, во Генералното собрание во Њујорк, кога се одбележуваат 30 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.

Во делегацијата која ја предводи министерот Лимани се Посебниот советник на министерот и шеф на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади од секторот Еднакви можности, Министерството за надворешни работи, на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) и на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки