Утрински Весник
Македонија

Министерот Андоновски во посета на САД

Picture 461 660x500 1.jpg

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE) е во дводневна посета на САД.

Во рамки на посетата, како што најави ресорното Министерство, Андоновски ќе зборува на панел-дискусија на тема „Напредокот во воспоставувањето на национални сајбер-авторитети и развојот на вештини во земјите од Западен Балкан”.

На панелот ќе учествуваат и претставници од останатите земји од Западен Балкан, како и претставници од Стејт Департментот.

GFCE е водечка платформа за меѓународна соработка во областа на сајбер-капацитетите, со над 200 членки од светот, вклучувајќи влади, меѓународни организации, компании и академски институции.

За време на престојот во САД, на покана на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, министерот Андоновски ќе одржи и предавање за дигиталната трансформација како алатка во борбата против корупцијата.

 Од Министерството за дигитална трансформација најавуваат дека Андоновски ќе има и билатерални средби и посета на успешни ИТ компании во САД

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група