Утрински Весник
Македонија

Министерката не ѝ дала пари на Ласкова оти ѝ е сопартиец: Не ѝ ја коментирам ниту реакцијата

Министерката не ѝ дала пари на Ласкова оти ѝ е сопартиец: Не ѝ ја коментирам ниту реакцијата

Партиска припадност никогаш не било и нема да биде критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес. Ова го изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прашањето дека пејачката Цветанка Ласкова добила 300.000 денари за нејзиниот концерт, само поради тоа што ѝ е сопартиец.

dobivaj vesti na viber

„Не би сакала да ја коментирам реакцијата на Ласкова, но никогаш повеќе ова Министерство нема да одлучува по партиски критериуми онака како што беше случај до пред неколку години како што сите паметиме дека ова се случуваше“, изјави таа.

Министерката посочи дека секој квалитетен проект треба да се поддржи, да не се гледа на индивидуалност и партиска припадност. Ги повикува сите оние што сметаат дека се обесхрабрени да поднесат забелешки и жалби.

„Никогаш нема да имаме доволно пари во културата, доколку и целиот буџет го искористиме, повторно ќе биде малку, но оваа година го имавме овој буџет и сметам дека комисијата постапи најсоодветно. Вкупниот буџет за поддршка на културата е 20 отсто од целиот буџет, оваа година тој е намален“, додаде министерката.

За откажаното издание на „Оф фест“, министерката рече дека тоа е одлука на самиот организатор.

„Одлуката е нивна дали самите ќе ги вратат средствата. Имаат право 15 дена да поднесат и жалба. Може електронски да аплицираат. Овој случај во 2019 ја добил истата сума и со жалба добил дополнителни еден милион денари средства. Не е ова прв случај кога не им биле одобрени сите средства“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Можете да прочитате

Јанев: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај

ДУИ: Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор