Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Минчев поднесе претставка до инспекторатот поради оглас за вработување со вклучена етничка припадност

Uploads Thumbs Resize 800x420 678027.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, како физичко лице, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од селото Липково.

Во претставката, Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.


Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи, информираа од неговиот кабинет.

„Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа” – истакна Минчев.

Како министер, но и како граѓанин, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.
Должни сме да изградиме праведен систем кој функционира подеднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава“ – нагласи Минчев.

Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Можете да прочитате

Скандал на изборите: Во Недела ќе гласаме за починати лица

Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента

Одобрено и второто обвинение за пожарот во „Пулс“ во Кочани