Утрински Весник
Спорт

Милвоки му врачија отказ на Буденхолцер

Милвоки му врачија отказ на Буденхолцер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милвоки Бакс се разделија со тренерот Мајк Буденхолцер, објави франшизата.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката да се направи оваа промена беше многу тешка“, изјави генералниот менаџер на Бакс, Џон Хорст, пренесува официјалната веб-страница на НБА.

„Бад пго водеше нашиот тим низ пет неверојатни сезони. Со него, по пауза од 50 години ја освои титулата. Благодарни сме за културата на победа и лидерството што Бад помогна да се создадат“, додаде тој.

Буденхолцер е еден од учениците на Грег Поповиќ, на кого му беше асистент во Сан Антонио Спарс од 1996 до 2013 година.

Со Милвоки, Буденхолцер го освои шампионскиот прстен во 2021 година, на клупата на тимот од Висконсин беше од 2018 година, а претходно пет години беше тренер на Атланта Хокс.

Двапати беше прогласен за тренер на годината.

Буденхолцер го имаше најдобриот учинок со Бакс во лигашкиот дел од сезоната, но беше елиминиран во првото коло од плејофот од Мајами Хит со 4-1.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место